Облечена во искинати широки фармерки, и јакна, чизми и марама со логото на Диор, свршеницата на Кристијано Роналдо патувала со друг приватен авион до непозната дестинација, а како изгледаат нејзините патувања, открила на Инстаграм.
Благодарение на нејзината врска со еден од најпопуларните и најдобри фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, атрактивната Џорџина Родригез доби можност да ужива во животот наменет само за „избраните“. Милионите на неговата сметка се доволни за Џорџина да ги испроба сите придобивки од удобниот живот, што вклучува лет со приватен авион.
На својот Инстаграм профил, Џорџина Родригез се пофали по втор пат во непознат приватен авион, а на своите следбеници, кои бројат 22 милиони им откри и како изгледа сето тоа.
Облечена во искинати фармерки, но и дизајнерска јакна, чизми и шал, кои ‘врескаат ’од далечина со познатото лого на Диор, Џорџина најпрво беше фотографирана пред приватен авион, а потоа и внатре.

На една од фотографиите, таа ги спушти наслоните на кожните седишта и спиеше со нејзината ќерка Алана Мартин покриена во скапо ќебе од Диор, пред да се игра со Уна и со најстариот син на Роналдо, Кристијан јуниор.
Држејќи ја Алана Мартин во скут, таа наздравува со чаша непознат пијалок, гледајќи со насмевка во камерата, додека на последната фотографија е направена од позади во зимска јакна на Диор.

