Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кога го прашале Ворен Бафет што е среќа, тој вака им одговорил: Неговиот совет го менува животот од корен!

Милијардерот Ворен Бафет е сигурен дека бил донесен на врвот со правила што строго ги следел целиот свој живот.

Пред скоро 20 години, за време на предавање на Универзитетот во Флорида, еден студент го праша Ворен Бафет: „Ако можете да започнете од почеток, што би менувале?“

Одговорот што следеше ја објасни суштината на животот: “Никој нема привилегија да живее двапати, но секој од нас има можност да го промени во животот она што не му се допаѓа. Најважно е да го правите она што го сакате, било да е тоа работа или приватен живот. Да ми понудеше некој кога почнував да заработувам милиони, но да работам со луѓе што не ми се допаѓаат, веднаш ќе ја одбиев понудата.“

За да може човекот да биде среќен и успешен, мора да ужива во секоја секунда од животот. Секогаш правете го само она што го сакате, е неговиот совет. Еве како тоа ќе го промени целиот ваш живот:

Многу луѓе мислат дека се подразбира дека работата мора да биде стресна и непријатна, а вистината е сосема поинаква, само луѓето не се подготвени да бараат доволно долго. Стравот од промени и излегувањето од зоната на удобност ги спречува да постигнат успех и голема среќа. Човек мора да работи за да може да си дозволи добар живот, но повеќето забораваат дека треба да се забавуваат на истата работа.

Работното време од 8 часа е долг период, и ако сте незадоволни секој ден, тоа на крајот резултира со фрустрации кои влијаат и на вашиот живот.

Луѓето кои се зафатени со она што го сакаат се поотворени за нови можности. Тие се подготвени да прифатат предизвици и да ризикуваат, а кога нема да успеат, тие знаат како да станат и да продолжат понатаму.

Правејќи го она што го сакате, создавате круг на позитивна енергија околу вас и на тој начин создавате поубав и среќен живот, а успехот тогаш е неизбежен.

Дали се согласувате со неговото мислење?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement