Иако Клои редовно споделува фотографии од приватниот живот, таа сепак го чува во тајност името на нејзиниот син.
Ова е прва Ноќ на вештерките за синот на Клое Кардашијан и Тристан Томпсон, а гордата мајка сподели фотографија на која малечкото го држи нивната постара ќерка Тру.
Девојчето очигледно со нетрпение го очекува популарниот американски празник, па се маскираше, а Клое го облече и својот син, кој се роди во август, во сладок костим.
Таа сè уште го преферира Божиќ, а дотерувањето за Ноќта на вештерките го нарече „бесмислено“ на својот Инстаграм.Семејната пријателка Фаја Ресник откри дека Тру била многу среќна за својот помал брат, чие име се уште не е откриено, па не е чудно што и таа е среќна што ја прославува Ноќта на вештерките со него.„Тру е многу возбудена и многу љубопитна. Таа многу го сака бебето“, изјави Феј претходно за Us Weekly.
Иако Клои редовно споделува фотографии од нејзиниот приватен живот, таа го чува во тајност името на нејзиниот син.
„Никој не го открива името на детето, дури и многу познаници не му го знаат името“, изјави близок извор за медиумите на крајот на октомври.
Тој додаде дека името ќе биде откриено кога Клои ќе биде подготвена.
