Клаудија Шифер доби голема чест – создадена е нова кукла Барби според нејзиниот лик!
Како дел од роденденот на супермоделот (таа наполни 50 години на 25 август), Mattel одлучи да создаде кукли облечени во дизајнерски парчиња, а истите беа официјално претставени од Клаудија. Во првата варијанта, Барби носи син корсет фустан од брендот Версаче од колекцијата есен / зима 1994 година, додека во втората, таа изгледа елегантно во црн миди фустан со долги ракави и потпис на брендот Balmain.
За жал, колекционерските играчки нема да се продаваат: тие се направени исклучиво за серијата Barbie Style, која не оди во масовно производство. Сепак, резултатите на Мател веќе можете да ги оцените на Инстаграм @BarbieStyle – на сликите, легендата на модната писта дури и позира со својата копија.
Не сите познати личности добиваат кукла Барби. Тие обично се прават само во чест на оние кои дале извонреден придонес во развојот на културата и модата. На пример, една од овие кукли е посветена на легендарната декораторка и стилска икона Ирис Афел. Покрај соработката со Мател, Шифер лансираше и капсулни колекции со брендовите ВVersace, Frame Denim, Bamford и Lucie Kaas за да го прослави нејзиниот роденден. Доменико Долче и Стефано Габана потпишаа и адаптираа една од торбите од нивната колекција есен-зима специјално за неа, а Оливие Рустинг, креативен директор на Балман, дури ја нарече „олицетворение на топ-модел“.
.jpg)
