Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кијану Ривс повторно го воодушеви светот: актерот ја разубави годината со љубезен гест кон 80-годишнa обожавателка…

На интернет се појави приказната за љубезниот гест на Кијану Ривс кон 80-годишна обожавателка. Едно лице напиша на Редит дека неговата баба се заљубила во ѕвездата од „Матрикс“ и „Џон Вик“ затоа што ја потсетувал на нејзиниот покоен сопруг.

Откако доживеала мозочен удар во раните 70-ти, бабата била принудена да остане дома во следните 10 години од нејзиниот живот, но утеха наоѓала во филмовите на Ривс, гледајќи сè, од „Бил и Тед“ до „Матрикс“.

Корисникот на Редит потоа продолжи да објаснува како нивниот вујко налетал на Ривс во ресторан во Лос Анџелес и како тоа довело до долг телефонски разговор меѓу актерот и неговата баба.

„Не долго откако излезе „Матрикс“, вујко ми беше во Лос Анџелес на работа и јадеше во еден навистина луксузен ресторан кога Кијану влезе со неговата сопруга“, напиша корисник на Редит и продолжи:

  • Кога го завршија оброкот, вујко ми дојде до нивната маса и му рече на актерот: „Јас обично не го правам ова, но само сакав да знаеш дека мојата 80-годишна мајка ве обожава вас и вашите филмови. Ја потсетувате на татко ми“. – изјави корисник на Редит.

Корисникот на Редит објаснил дека неговиот вујко бил запрашан од страна на Кијану дали има мобилен телефон со него и кога тој потврдил дека има, Кијану му рекол: „Јави и се, сакам да разговарам со неа“.

  • Разговараше со баба ми неколку минути и тоа апсолутно и ја разубави годината. Таа беше толку изненадена од неговата искрена љубезност кон неа и неговиот интерес за неа покажаа каков неверојатен човек е тој навистина – изјавил корисник на Редит, а пренесува NME.

Со текот на годините, Кијану заработи репутација како еден од најубавите луѓе во Холивуд, а многу фанови рекоа дека има многу работи од кои Ривс се воодушевил. Актерот стана вирален минатиот месец, откако беше снимен како има пријатен разговор со млад обожавател на аеродромот, одговарајќи на секое прашање на младиот човек.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement