Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ким Кардашијан заменета со нова убавица: Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски започнаа љубовна врска?

Според непроверени информации доставени на страница на Инстаграм за познати личности, познатиот комичар си нашол нова девојка.

Познатиот комичар Пит Дејвидсон и познатата Ким Кардашијан неодамна беа во центарот на вниманието на медиумите, бидејќи решија да ја прекинат љубовната врска и да тргнат по својот пат.

Странските медиуми објавија дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон раскинале, а наводно за се е виновен презафатениот распоред на овие двајца познати и успешни личности.

Како што сега пишуваат порталите, ова не е единствената причина, туку улога имала и разликата во години.

Пит се вери и со Аријана Гранде во 2018 година, но и таа љубов не траеше. После тоа девет месеци беше во врска со Ким Кардашијан.

Многу нејзини обожаватели и членови на семејството ја поддржаа врската и истакнаа дека тој има многу позитивно влијание врз неа.

Меѓутоа, откако раскинаа, не му требаше долго време да најде замена за Ким, па пред неколку дена беше виден како се држи за рака со манекенката Емили Ратајковски.

Само три недели пред да бидат видени заедно, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг објавија дека се разведуваат. Нивното раскинување беше потврдено во септември.

Откако беа забележани заедно во Њујорк, многумина шпекулираат дека Емили и Пит се жешка двојка.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement