Дури и принцезата Шарлот, ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, често се појавува во сини фустани…
Британски „Експрес“ пишува за омилената боја на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која често ја носат нејзините деца.
Принцезата Шарлот и другите кралски деца се модни икони сами по себе, а облеката што ја носеа е распродадена за кратко време. Кејт Мидлтон и нејзините деца често носат сина облека, а психолозите велат дека на овој начин сакаат да покажат дека се „поврзана единица“.
Карен Халер, психолог и автор на „Малата книга на боите“, вели дека кралското семејство сака да покаже дека е кохезивна единица кога носи сино.
– Кога станува збор за психологијата на боите, темно сината значи дека сте на позиција на авторитет, дека сте доверливи и на вас може да се смета – вели таа.
– Сепак, има и негативна страна на сината боја, а тоа е дека остава впечаток дека сте повлечени и оддалечени, па понекогаш сината создава чувство на недостапност – објаснила Карен.
Кејт на овогодинешниот Вимблдон носела два тафтувани сини фустани, а за време на официјалните настапи често носи облека во сите нијанси на оваа боја. Погледнете ги сите нејзини сини комбинации во нашата галерија:







