Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон одлучиле да им покажат на луѓето колку е важна борбата на секоја индивидуа за време на пандемијата. Така кралскиот пар ја започна својата национална турнеја со Кралскиот воз.
Познатиот пар синоќа се качиле на споменатиот воз, кој ќе ги обиколи Англија, Шкотска и Велс, а оваа кратка турнеја ќе трае до утре, кога Вилијам и Кејт ќе ги посетат кралицата, принцот Чарлс и Камила. Тоа ќе биде прв заеднички состанок на нив петмина годинава, а ќе заврши со заедничка фотосесија.
Целта на оваа кратка кралска турнеја е да им се заблагодарам на сите работници кои успешно се борат против Ковид 19.


