Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кејт Мидлтон во 2020-та потрошила повеќе на облека отколку претходната година

Кралска екстраваганција или штедливост?

Војвотката со години внимателно чува многу работи во плакарот, не се двоуми да се појави во јавноста неколку пати во иста облека, а покрај тоа, старата облека често ја претвора во нова.

Сопругата на принцот Вилијам обожава пристапни брендови, но си дозволува и луксузна облека. Во 2020 година, поради пандемијата на коронавирус, Кејт Мидлтон беше најчесто контактирана преку ZOOM и ретко се појавуваше во јавноста. И покрај сето тоа, идната кралица потроши повеќе од 93 илјади фунти на нова облека. Изненадувачки, оваа сума беше дури и поголема отколку што Кејт Мидлтон потроши пред една година – за цели 10 илјади фунти.

Најскапата облека на сопругата на принцот Вилијам беше онаа во која таа се појави во посета на Даблин во март: палтото на Кетрин Вокер, смарагдниот фустан на Алесандра Рич и обетките Аспреј Дејзи Херитаџ. Вкупната цена на облеката беше 22 илјади фунти, додека само обетките чинеа 17 илјади фунти.

Кој е спонзор на толку нечуена великодушност? Британските даночни обврзници не треба да се грижат: за време на пандемијата, финансирањето на кралското семејство од ризницата беше запрено. Во секој случај, сите трошоци на Кејт Мидлтон се проверуваат и одобруваат од принцот Чарлс.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement