Актерката Кејти Холмс многумина ја сметаат за некрунисана кралица на уличната мода, а нејзините секојдневни аутфити се вечна инспирација за многу модничари. Ѕвездата од серијата ‘Dawson’s Creek’ не крие дека е слаба на тренди (лежерни!) парчиња, како сетот во кој се појави на еден настан пред неколку дена. Станува збор за шик комплет од неодолив пејсли дезен со потпис на еден од омилените хај стрит брендови…
Од самите почетоци на Холивуд, 43-годишната актерка Кејти Холмс негува препознатлив стил кој ги спојува естетиката, удобноста, но и актуелните трендови, а често посегнува и по подостапни платна.

Дека речиси ниту еден нејзин стајлинг не може да остане незабележан, докажа и Кејти Холмс појавувајќи се на настан организиран од шведскиот моден гигант H&M во Њујорк во шик комплет со потпис на споменатиот бренд.

Станува збор за комбинација од предимензионирана кошула и соодветни, лелеави панталони во бела боја, а двете парчиња се издвојуваат со пејсли дезен кој ја освои наклонетоста на модата во последните неколку сезони.
Двете парчиња се достапни на официјалната веб-страница на брендот, а нивната вкупна цена е 75 евра.

Познатата бринета го заокружи навидум едноставниот, а сепак многу впечатлив изглед со црни мокасини.

На настанот неа ја придружуваше 36-годишниот модел Ирина Шајк. Руската убавица облече монтирано црн фустан на едно рамо кој брилијантно ја истакна нејзината беспрекорна фигура, а изгледот го комплетираше со црни хулахопки и пар сандали со потпетици.
