Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кендал Џенер во совршена модна форма за преодната сезона

Влеговме во преоден период во кој можеме да комбинираме лесни летни фустани со обувки резервирани за постудените денови, а таква комбинација неодамна прошета американската манекенка Кендал Џенер. Риалити sвездата се упати на вечера со момчето Девин Брук облечена во минималистичка креација која совршено ѝ прилега на витката фигура и чизмите чија популарност нема да опадне ниту оваа есен. Едноставниот, но шик изглед на младата убавица и донесе чиста петка, а ние најдовме слични парчиња со кои можете лесно да ги копирате…

Нема кој не се свртел , да ја погледне поубаво Кендал Џенер кога шетала по улиците на Малибу во друштво на партнерот Девон Брук, сето тоа благодарение на генијалниот стајлинг кој е невозможно да се пронајдат недостатоци.

Популарната 25-годишна ТВ sвезда често посегнува по минималистички парчиња и ги комбинира со модни додатоци, па затоа не е изненадувачки што овој пат состави таква облека-идеална и за преодната сезона.

Главната улога ја имаше беж фустан со отворен грб со потпис на брендот од Лос Анџелес Anemos. Овој модел на фустан е непогрешлива модна инвестиција бидејќи може да се носи на мал милион начини и во секоја пригода.

Со цел да ја прилагоди својата летна креација на малку пониски температури, еден од најуспешните модели на денешницата посегна по каубојски чизми од многуте омилени њујоршки брендови Khaite.

Дека овој модел на обувки нема да се заборави во наредните месеци, освен Кендал Џенер, потврдија и бројни модни имиња кои им посветија посебно внимание во своите колекции за претстојната сезона и лансираа никогаш поубави модели за сечиј вкус.

Како ,,јаготка на шлагот” на ова издание дојде кожената торбичка со џебови зад која стои американскиот бренд By Far. Модниот додаток по име Били ги маѓепса познатите дами и светски трендсетерки.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement