Според предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во 2004 година, Кристин се согласила да го напушти домот во случај да се разведат.
Холивудскиот актер Кевин Костнер (68) поднел документи до судот со кои бара неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер (49) да го напушти неговиот дом, во согласност со нивниот предбрачен договор, пишува Daily Mail.
Познатиот оскаровец изјави дека откако Кристин поднела барање за развод на 1 мај, имала 30 дена да се исели од куќата.Костнер пред судот изјави дека верува дека таа останала во куќата за да го убеди да исполни „различни финансиски барања“ што ги поставила по разделбата.
Актерот наводно веќе и обезбедил на својата поранешна сопруга 1,45 милиони долари во предбрачен договор, обезбедувајќи и доволно средства за да најде ново место за живеење. Исто така, пред судот истакна дека е подготвен за повеќе „финансиски ангажман“ доколку тоа и помогне на Кристин конечно да ја напушти куќата и да се отсели од имотот.
Судските документи наведуваат дека Кевин е подготвен да плати 30.000 долари за издршка и кирија,но и дека ќе и плати уште 10.000 долари за трошоци за селење.
Тој во судските документи навел дека е единствен сопственик на три семејни куќи. Според предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во 2004 година, Кристин се согласила да ги напушти нивните домови во случај да се разведат.

Инаку, Кевин Костнер има голем број имоти, а комплексот кој Кристин не сака да го напушти се наоѓа на врвот на карпа и има поглед кон океанот, но поради семејните обврски и неговата куќа во Аспен, тој никогаш не успеав да го ремоделира местото.
Кевин има и ранч во Аспен, кој се простира на 160 хектари и вклучува две езера. Имотот вклучува три посебни куќи со осум бањи и 12 спални соби, со капацитет до 34 гости. Исто така, кон крајот на јануари, Кевин овозможи да го изнајми имотот, познат како ранчот Данбар, за 36.000 долари од ноќ.Да потсетиме, врската на Кристин и Кевин започна во 1998 година, а на ранчот си размениле завети во 2004 година.
