Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Квентин Тарантино стана татко по втор пат! Неговата сопруга Даниела Пик, која е 20 години помлада, роди девојче…

Американскиот режисер Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга станаа родители по втор пат! По синот, кого го нарекле Лео, семејството добило девојче…

Извонредниот 58-годишен режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга, 38-годишната Даниела Пик имаат причина за славење! На нивното тричлено семејство му се придружи ќерката која се роди на 2 јули, а славниот пар се уште не го откри името.

„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство објавуваат дека Даниела го роди нивното девојче на 2 јули 2022 година“, изјавил извор близок на парот за американскиот магазин People.

За потсетување, парот се сврши во јуни 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес, на традиционалната еврејска венчавка во Беверли Хилс со најтесниот круг на семејството и пријателите. Ова е и прв брак на режисерот, а Тарантино го оправда фактот дека првпат се оженил на 54 години со тоа што работата му зазема најголем дел од времето во животот.

Како круна на нивната љубов, во февруари 2020 година пристигна нивниот мал син, кого го нарекоа Лео. Иако многумина веруваа дека режисерот на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ го именуваше својот син по неговиот колега Леонардо ди Каприо, тој објасни дека го добил името по дедото на Даниела, што на хебрејски значи лав.

Двократниот оскаровец, чии филмови станаа дел од општата култура, живее со сопругата во луксузен кварт во Тел Авив, а неодамна откри дека Израел го смета за свој втор дом. Двојката од Беверли Хилс се преселила на Блискиот Исток за нивните деца да растат во согласност со еврејската култура и да учат хебрејски како свој прв јазик.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement