Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Канје Вест со новата девојка за прв пат во јавност: Погледнете како изгледале на модната недела во Париз

Убавата Џулија Фокс ја замени Ким Кардашијан, а со Канје Вест се појави на модната недела во Париз.

Канје Вест и Џулија Фокс, убедливо најпопуларниот пар од почетокот на годината, продолжуваат да уживаат во својата врска патувајќи низ светот. Последна станица? Франција. Поточно, машката модна недела во Париз, каде штотуку се одржа ревијата на Кензо за есен/зима 2022/2023 година.

Рапер и дизајнер и актерка и концептуална уметничка, свесни за огромното медиумско внимание што го предизвикуваат, им приредиле изненадување на камерите кои со нетрпение го очекувале токму овој момент.

Првото заедничко појавување во јавноста го следеше трендот што го поставија Џенифер Лопез и Бен Афлек – координирана облека што одговара. Во случајот на Канје Вест и Џули Фокс, тоа биле целосно тексас модни комбинации.

Додека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан носел црни чизми со дебел ѓон преку фармерки, јакна со копчиња и очила за сонце и црни ракавици, Џулија Фокс го засени комплетот Скјапарели составен од тексас карго панталони со низок струк и тексас џек со кратки ракави. Интересен детаљ е градникот што неодоливо потсетува на оној кој Жан Пол Готје го создаде за Мадона во 1990 година.

Покрај впечатливата облека и убавината која никого не остава рамнодушен, Џулија Фокс имала и драматичен фараонски мејкап изглед.

Ќе успее ли овој пар да ја надмине популарноста што ја имаа Ким и Канје? Останува да видиме.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement