Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Како скромен знак на благодарност до медицинскиот персонал, EXIT ќе донира 3.000 билети

Како скромен знак на благодарност до медицинските работници кои повеќе од една година стојат на фронтот во борбата против коронавирусот, „Егзит“ ќе донира 3.000 влезници за отворањето на фестивалот на 8 јули. Министерството за здравство, исто така, ќе обезбеди вакцини за 1.500 странски изведувачи и посетители на EXIT, помагајќи им на граѓаните на земјите кои во моментот немаат доволно вакцини и ќе даде дополнителен придонес за целокупната сигурност и безбедност на фестивалот годинава.

Министерот за здравство Златибор Лончар ја истакна важноста на кампањата за вакцинација, насочена кон младите, и додаде дека најголемата радост за здравствените работници ќе биде враќање во нормален живот.

„Ги повикувам сите млади што побрзо да се вакцинираат, бидејќи од нив сега зависи колку брзо ќе можат да се вратат на активностите што најмногу ги сакаат, вклучително и концерти и фестивали. Благодарност до EXIT за нивната досегашна соработка и за покажувањето загриженост за јавното здравство, како и за размислувањето за медицинските работници, кои се вистински херои во ваква војна против вирусот. Во оваа прилика, би сакал повторно да им се заблагодарам на нашите медицински лица и сакам да истакнам дека правиме се што е можно побрзо да им се вратиме на нивната редовна работа“ – посочи министерот за здравство.

Како дополнителен поттик за кампањата за вакцинација, водечките српски музички фестивали неодамна воведоа протокол за безбедност, кој предвидува влез само на оние кои биле вакцинирани, лица со потврда дека прележале Ковид-19 или да имаат негативен PCR или антиген тест. Овој протокол, кој беше испратен до Владата на Србија и Кризниот штаб за усвојување, се заснова на најновото научно истражување низ Европа, кое докажа дека, со наведените ограничувања при влегување во настани, ризикот од ширење на инфекцијата е скоро занемарлив.

Основачот на фестивалот EXIT, Душан Ковачевиќ, изјави дека со наведените ограничувања, фестивалите ќе бидат најбезбедно место за собирање во земјата:

Најголемиот подарок за медицинските работници ќе биде суштински напор да се направи фестивалот целосно безбеден за нашите посетители. Драго ни е што науката даде јасни упатства и докази за тоа како да се постигне оваа најважна цел“ – посочи Ковачевиќ.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement