Скапите подароци кои јавните личности сакаат да им ги купуваат на своите деца понекогаш предизвикуваат бројни коментари на социјалните мрежи.Дејвид и Викторија Бекам деновиве се во центарот на вниманието, што не е ни чудо со оглед на тоа колку славна двојка се тие. Меѓутоа, понекогаш и тие „грешат“.
Се случува јавните личности, свесно или несвесно, да сакаат да се пофалат со скапа облека, накит, подароци, а сега Дејвид и Викторија решиле на својот 18-годишен син Круз да му подарат нешто исклучително вредно за неговиот роденден, што започна полемика на социјалните мрежи.
Славниот пар го израдувал својот син Круз, кој неодамна наполни 18 години, со часовник од престижен бренд чија цена е 40.000 долари или 37.700 евра, пишува Daily express.
Круз веднаш објави фотографија со својот татко, додека часовникот на неговиот зглоб беше во преден план, а инаку, ова не е прв пат за Бекамови. За неговиот 16-ти роденден на својот син му подарија сличен часовник од позната марка кој чинеше малку помалку бидејќи беше сребрен.
Многу психолози ваквите потези на родителите не ги сметаат за правилни,но сепак она што за некого е недостижно можеби за нив не е, во секој случај и младиот Бекам гради музичка кариера, на што е особено горда мама Викторија, со оглед на тоа што некогаш беше дел од групата Spice Girls.
