Претпоставката на повеќето од нас, кога гледаме личност со совршен изглед, е дека сигурно и е полесно во животот отколку на другите. Но, ние често забораваме – и тие се само луѓе.
Честопати забораваме дека холивудските sвезди се и обични, ранливи луѓе, кои се борат зад исклучените камери со својата несигурност и други секојдневни проблеми. Секс симболите како Меган Фокс, кои служат како прототип на совршената жена, не се исклучок. Сепак, реалноста е малку поинаква.
Со извајано тело и совршен тен, дури и во 35-та година, актерката призна дека се бори со огромни несигурности кога е во прашање нејзиниот изглед. И покрај беспрекорната слика што му е претставена на светот, Меган води сериозна борба.
Имено, и било дијагностицирана дисморфија – нарушување на прекумерната загриженост за непостоечкото или минималното отстапување од добриот изглед. „Да, имам дисморфија. Се борам со огромни несигурности“, вели згодната актерка во интервју за списанието GQ Style, додавајќи:„ Можеме да погледнеме некого и да помислиме: Таа личност е толку убава. Нејзиниот живот мора да биде толку лесен. Но, тие не го разбираат тоа бидејќи го гледаат од нивна перспектива“, објасни таа.
Гардoт го спуштила кога станува збор за нејзината врска со музичарот Машин Ган Кели. Покрај тоа што еден на друг си посветиле тетоважи на своите тела, гравирање меѓусебни имиња, открила дека во него пронашла се што бара.
„Се препознавам во него, и обратно, и оној скриен дел од себе во кој бев длабоко заклучен. Се чувствував како да ми недостасува нешто, нешто од што се откажав и всушност го барав. Но, тогаш запознаваш личност која те комплетира и мислиш: О, ова е она што го бараше моето срце. Тоа беше тој светилник цело време“.


