Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Како да се нашминкате како Парижанките

Архетипската парижанка е симбол на елеганција која се провлекува во сите сфери од нејзиниот живот, жена која изгледа свежо, убаво во секоја ситуација без многу труд и часови вложени во нанесување шминка. Како убава Камил Разат која го отелотвори францускиот шик во серијата „Емили во Париз“ со својот изглед, стил и лежерност, парижанките се секогаш инспирација за „go-to“ изглед.

Малку руменило на образите и навидум природно црвени усни преку ден, а појак црвен кармин навечер изгледаат како докажана формула. Изгледот на шминката може да се пресоздаде според упатствата на шминкерот Андреа Али со седиште во Париз, во неколку едноставни чекори за кои не е потребно многу време, а постигнатиот ефект ќе остави впечаток на софистицираност и ноншалантна убавина.

1. Како и со секој изглед на шминка, клучот е во подготвителната козметика. Без оглед на рутината за нега на кожата, мора да биде токму тоа – рутина. Негувајте ја и грижете се за вашата кожа.

2. Основата мора да биде невидлива. Парижаните не сакаат видлива течна пудра со мат текстура и финиш, а најчесто користат само коректор на стратешки места или малку пудра во каменот за да се изедначи тенот.

3. На образите има многу благо руменило кое можете да го нанесете со прстите и ако кожата веќе не свети од навлажнувачот, можете да додадете трошка хајлајтер.

4. Очите се дискретно нагласени со сенка за очи во боја на природни тонови на кожата што ги нанесуваат по рабовите на трепките.

5. За дневен изглед, ставете малку црвен кармин (не треба да биде најинтензивната нијанса ако не сте обожавател) со прстите на усните за поприроден изглед. А за вечерниот изглед ставете малку посилен слој, но не цртајте ја формата на усните, туку лесно заматете ги рабовите со четка за кармин за повеќе сензуален ефект.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement