Симптоми кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер има филофобија (страв од љубов)!
Дали е можно нешто волшебно и прекрасно како љубовта да го надмине стравот?
Како последица на стари трауми или емоционални рани од минатото, може да има страв од љубов, односно страв повторно да бидат повредени. Стравот од љубов има и свое професионално име и се нарекува филофобија.
Како да препознаете дали партнерот има развиен страв од целосно предавање на qубовта и дали е можно да и помогнете на другата личност да ја надмине оваа блокада?
Симптоми кои покажуваат дека вашиот партнер има филофобија (страв од љубов):
– искуства во тешки и болни врски што не успева да ги остави зад себе
– непријателски став кога разговарате за чувства
– губење на интерес што тој го покажува кон вас на почетокот на врската
– аверзија кон секој обид за заедничко планирање,
– себичност и непрепознавање на потребите на партнерот
Ако забележите некои од горенаведените сигнали за филофобија кај вашиот партнер, но знаете дека тој ве сака и дека ви дава љубов, можно е да се плаши да не биде врзан и да се плаши дека повторно ќе го повредите. Разговарајте отворено со него, и тој може да добие најдобра помош преку психотерапија.
Сепак, најважно е мажот да го сфати својот страв, да го признае и да започне да ги менува и ослободува овие блокади со стручна помош.
Како можете да му помогнете?
Врската со личност која има страв од приврзаност и љубов не е воопшто лесна и едноставна. Меѓутоа, ако сметате дека врската вреди да се вложи, тогаш комуникацијата е клучното решение за овој предизвик. Важно е отворено да зборувате за вашите емоции, да изградите доверба со вашиот партнер и да му ставите јасно дека не сакате да го повредите.
Обновувајте ја вашата блискост и поврзаност секој ден, изградете солидна основа за вашата врска и ако работите заедно на решение, можно е да можете да ги отстраните сите пречки што ги носи филофобијата со себе.
