Ќе помислите дека тоа е Саудиска Арабија или Египет, но всушност не сте ни близу до вистината…
Од храна до инфраструктура, Кина е позната по своите необични и интересни решенија. Продолжувајќи со трендот што понекогаш го збунува целиот свет, Кина пред неколку дена свечено го претстави првиот семафор на камили, во близина на градот Дунхуанг во провинцијата Гансу.
Според образложението, семафорите се првенствено наменети за туристи кои го посетуваат овој дел од светот за да возат камили, и ќе им помогнат да избегнат судири и несреќи, што верувале или не, се случуваат почесто отколку што би помислиле. Со помош на семафори, и минувачите и животните ќе бидат совршено безбедни.
Сигналот станува зелен кога животните можат да го преминат патот, или црвен кога треба да застанат, што значи дека совршено се совпаѓаат со нашите „човечки“ знаци. Според „ECNS“, кинеските државни медиуми, проблемот што довел до создавање на овој семафор е фактот што патеките за пешачење често се пресекуваат со патеките на камилите. За да се справат со овој проблем, работниците направија отвор на патеката и го одделија делот само за камили, додека семафорот го контролира протокот на сообраќај на новата раскрсница.
Според кинеските власти, овие чудни семафори, досега невидени во целиот свет, ќе станат туристичка атракција сами по себе!




