Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

И се заканува дека ќе ја посрамоти ако не му плати: Сопругот на Бритни Спирс и подготвува одмазда на пејачката…

Нејзиниот сопруг поднел барање за развод и се заканува преку адвокат,а безгрижната пејачка не крие што мисли деновиве.

Американските медиуми синоќа објавија дека поп принцезата Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари, по само една година брак, а сега доаѓа потврда дека на нивната среќа и дојде крајот.

Асгари како причина ги наведе „непомирливите разлики“, пишува TMZ, во кој исто така се наведува дека тој бара пејачката да му исплати брачна издршка и адвокатите кои ќе го застапуваат во случајот за развод.

Во поднесокот се наведува дека Сем и Бритни се разделиле на 28 јули, а адвокатот на Асгари, Нил Херш, навести дека фитнес тренерот може да се обиде да го оспори предбрачниот договор што го потпишал пред венчавката.

  • Допрва треба да ја утврди целосната природа и обемот на посебните средства и обврски на секоја страна – се нагласува во соопштението.

Page Six тврди дека Сем Асгари наводно бара да преговара за условите на предбрачниот договор за да ги премолчи деталите од приватниот живот на Бритни Спирс.

– Сака да преговара за отстапки надвор од предбрачниот договор и се заканува дека ќе излезе во јавноста со крајно засрамувачки информации за Бритни доколку не му биде платен – тврди упатен извор близок до поранешната двојка. – Значи Сем е фокусиран на тоа.

Сепак, Бритни ја ангажираше адвокатката Лора Васер, за која е познато дека е многу успешна во случаите на развод и веќе застапуваше многу познати личности.

Веќе некое време се шпекулира дека бракот на Бритни Спирс не бил полн со рози, дека живеат одвоено, а неколку извори сега тврдат дека пејачката го изневерувала својот сопруг.

Откако беше објавено дека се разведува, таа се огласи на Инстаграм за да објави дека планира да купи коњ и според сите сметки се чувствува одлично, иако има голема грижа: точно која да ја купи – кобилата Софи или коњот Рика.

Бритни Спирс и Сем Асгари се запознаа на снимањето на спот во 2016 година и набрзо станаа пар. Фитнес-тренерот и беше огромна поддршка на поп-ѕвездата во годините кога беше под старателство на нејзиниот татко и тим адвокати, како и во процесот на нејзиното ослободување, а се венчаа во замокот на Бритни во 2022 година.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement