Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Итан Хок: Почетокот на последниот актерски чин

Хок отворено зборува за неговите последни актерски денови.

Кога еден од најдобрите актери во светот ќе изјави: „I’m at ‘the Beginning of My Last Act’ as an Actor“, не преостанува ништо освен да му верувате. За жал, Итан Хок не сака да толкува улога до неговиот последен ден од животот.

51-годишниот актер во големото и никогаш поискрено интервју кое го даде за „IndieWire“, откри дека му преостануваат уште неколку актерски денови и дека сака да ги искористи максимално за најдобри можни улоги.

Познат по многу филмови – се прослави во култниот филм Друштвото на мртвите поети (тогаш на свои 18 години), па Reality Bites на 24, а потоа Before Sunrise на дваесет и пет – 18 години подоцна, тој играше и беше сценаристот на две продолженија на култното остварување – Before Sunset и Before Sunrise.

Во 2001 година исто така стана и режисер. Тој го сними филмот Chelsea Walls, потоа стана „шоуранер“ во серијата The Good Lord Bird, а сега е режисер на документарната серија за стриминг платформата HBO Max, The Last Movie Stars, за животите и кариерите на Пол Њуман и Џоана Вудворд.

– Дефинитивно направив промена од играње млади ликови како постар актер, исто така релативно млад актер да толкувам улога како старец. Но, тоа е почеток, знаете, отворено призна Хок.

Хок смета дека улогата на Џон Браун во „The Good Lord Bird“ е почеток на неговата кариера како постар актер.

– Тоа е мојот последен чин. Но, почеток на последниот чин. Се најдов себеси како размислувам за улогите што треба да ги играм и кои не треба да ги прифатам бидејќи не ми останува многу во кариерата. Имам такво чувство за текот на времето, свесен сум за тоа. Кога бев помлад, мислев – ќе го направам ова, ќе го направам тоа, ќе можам да го снимам ова – добро е да стекнам искуство, да пробам нешто поинакво, мислејќи дека го имам целото време на светот. А сега сум во некаков фазон – работам ова и она, и ништо не научив од тоа или – требало да го сторам ова многу подобро или подобро би било ако поминев три месеци со семејството наместо да го снима тоа. Карактерно многу самокритичен, додаде Хок.

Гледајте ја премиерата на новиот документарен серијал, The Last Movie Stars, во кој Хок е во улога на режисер, почнувајќи од вечерва на платформата HBO Max.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement