Храбрите комбинации на облека на Ирина докажуваат дека моделот има свој кул стил.
Руската манекенка Ирина Шајк беше фотографирана во понеделникот на Менхетен на прошетка со својата прекрасна четиригодишна ќерка Леa Де Сена.
Мајката и ќерката често се забележуваат како шетаат низ ,,Големото јаболко” и нивната блиска врска е очигледна. Минатата недела, тие беа фотографирани за време на прошетка во која малата Леа го украде целото внимание во мини фустан од Барбери, додека манекенката носеше незабележителна црна облека.
Овој пат, 35-годишната манекенка носеше лесна комбинација која изгледа како пижама во која штотуку се разбудила.
Имено, свилената црна блуза со копчиња надолу целосно го имитира кројот на пижамите, а соодветните панталони во ист тон само го комплетираа целиот впечаток.
Спротивно на тоа, ќерката на актерот Бредли Купер и Ирина Шајк, Леа, носеше бел фустан со тул и црн џемпер, чорапи и чевли.
Дека сѐ уште е урбана комбинација, Ирина покажа со избирање на класичен капут Burberry и модерна чанта со златен ланец и сабо што полека се етаблираа како еден од трендовите во одделот за обувки.
Се разбира, за Русинката, како и секогаш, големите црни очила се задолжителни, и поради пандемијата што сѐ уште трае, скоро секогаш ја гледаме Ирина како ги почитува превентивните мерки со носење заштитна маска.
Погледнете ја нашата галерија за да видите како изгледаа Ирина и Леа оваа недела во Њујорк.





