Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Интервју на годината: Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата на Опра Винфри

Ексклузивно интервју на Меган Маркл и принцот Хари со познатата водителка, Опра Винфри, беше емитувано вчера, на Си-Би-Ес. Интервјуто предизвика силни реакции кај британската јавност, корисниците на социјалните мрежи не останаа имуни, а многумина беа шокирани од деталите што Меган ги откри за животот во палатата и односите со членовите на кралското семејство.

Ова беше прв пат војводата и војвотката од Сасекс да зборуваат за сè, од моментот кога Меган стана дел од кралското семејство, нејзиниот брак и мајчинството сè до начинот на кој се справи со силниот притисок во јавноста и психолошките проблеми.

Интервјуто траеше два часа, а подолу откриваме изненадувачки детали од интервјуто вредно 7 милиони долари.

Во интервјуто, Меган откри што се случило кога првпат се сретнала со кралицата

„Пред да ја запознаеме кралицата, вежбавме поклонување.“ Меган рече дека првиот состанок со кралицата бил „пријатен и лесен“. „Кралицата отсекогаш ми била прекрасна, секогаш ме потсетуваше на баба ми. Фала му на Бога што не знаев многу за нивното семејство, и јас не истражував, бидејќи тоа ќе ми ја наполнеше главата со грижи “.

Хари и Меган се венчаа на приватна церемонија три дена пред кралската венчавка

„Тоа беше спектакл за целиот свет, а ние сакавме нешто наше. Тие разменија брачни завети пред надбискупот од Кантербери, Џастин Велби. „Никој не знаеше за тоа. Го повикавме архиепископот и рековме: „Ова шоу е за целиот свет, но ние сакаме да биде само меѓу нас“, рече таа во интервју за Опра Винфри.

Меган тврди дека никогаш не ја расплакала Кејт

“Се случи обратното. Беше тежок ден и таа беше вознемирена за нешто во врска со фустаните”, рече таа. Кејт на крајот се извинила, а Меган го прифатила извинувањето иако таблоидите ја претставија приказната на поинаков начин.

Меган молеше за помош

„Долго ги молев за помош. Едноставно не сакав да живеам повеќе. Тие мисли беа постојани, застрашувачки и реални “, рече војвотката од Сасекс.” Се свртев кон кралското семејство и реков дека морам да барам психолошки помош некаде. Никогаш не се чувствував така (…), ми рекоа дека не можам, бидејќи тоа нема да биде добро за палатата и за кралското семејство “, додаде таа.

Арчи не ја доби титулата принц, а во семејството се дискутираше за бојата на кожата на нероденото бебе

Во едно интервју, Меган откри како го смениле протоколот за Арчи да не може да стане принц. Таа исто така откри дека членовите на семејството разговарале „колку ќе биде црна кожата на бебето“. „Тоа е разговор за кој никогаш нема да зборувам“, додаде Хари.

Тие го открија полот на бебето

Хари откри дека очекуваат девојче. „Имајќи момче и девојче, можеме ли да сакаме повеќе?“, воодушевено рече принцот Хари.

Хари сфати дека „историјата се повторува“

Ситуацијата со Меган го потсети принцот на тоа како поминала неговата мајка Дијана.

„Мојата најголема грижа беше што видов како се повторува историјата. Но, ова е далеку поопасно“, рече тој.

Хари откри дека не би можел да го напушти семејството, да не беше Меган

“И јас бев заробен, но не гледав излез. Заробени, како и остатокот од моето семејство. Татко ми и брат ми беа заробени. Тие не можат да заминат и жал ми е за тоа”, рече тој.

Кралското семејство го прекина финансирањето на почетокот на 2020 година.

Отпрвин, тие се потпреа на наследството што Хари го доби од принцезата Дијана. “Без тоа, никогаш не можевме да го сториме ова. Таа знаеше што ќе се случи и јас го чувствував нејзиното присуство во текот на целиот процес”, рече Хари.

Хари зборуваше и за семејните односи

Тој рече дека е во добри односи со кралицата и дека никогаш не и криел дека сака да го напушти кралското семејство, туку дека тој и Вилијам „се оддалечиле“. Тој исто така рече дека во еден момент Чарлс престанал да одговара на неговите повици.

Меган тврди дека само жали за една работа

Меган беше искрена: “Жал ми е што им верував кога ми рекоа дека ќе бидам заштитена. Верував во тоа”, рече таа. „И сега сме од другата страна, всушност не само што преживеавме, туку и напредуваме. Ова е чудо. Мислам дека се случија сите работи на кои се надевав “.

Принцот Хари и Меган Маркл детално го опишаа „невидливиот договор“ меѓу британските таблоиди и кралското семејство

„Постои ниво на контрола на страв кое постои со генерации“, рече Хари. Таблоидите имаат целосен пристап до кралското семејство, а за возврат тие пишуваат само позитивни работи за нив. „Тие се плашат дека таблоидите ќе се свртат против нив.

Бакингемската палата се уште не ги коментираше обвинувањата поради кои е поделена британската јавност. Програмата беше емитувана во целост на британската телевизија во понеделникот вечерта, што предизвика огромна реакција на социјалните мрежи.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement