Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Има 88 години и безвременска убавина и шарм: Софија Лорен во јавност по долга пауза – и НИКОЈ не е рамнодушен…

Како изгледа Софија Лорен денес? Одговорот е: божественo.

Италијанската филмска дива Софија Лорен (88) последниве години живее затскриено и ретко ја гледаме во јавноста, а оваа година последен пат се појави во март, кога беше фотографирана во Беверли Хилс на настан организиран од Giorgio Armani модната куќа.

Седум месеци подоцна, прекрасната Софија повторно застана пред фоторепортерите, а овој пат во многу посебна пригода. Имено, актерката отвори ресторан по нејзиното име во центарот на Милано, а овој настан собра голем број гости од италијанскиот џет-сет. Таа пристигна во друштво на своето семејство, пред се синот Карло Понтиус Јуниор и внуците Беатрис и Виторио, со кои гордо позираше.Сите очи, сепак, беа вперени во Софија Лорен, жива легенда на италијанската и светската кинематографија, која уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите жени на сите времиња и една од најголемите дами што ги видел светот на кинематографијата.

Софија Лорен отсекогаш била олицетворение на гламурот, а така беше и на отворањето на ресторанот „Софија Лорен“, каде се појави во елегантен бел костум со класичен крој, кој го комплетираше со сатенска бела блуза. Познатата актерка носеше и луксузен дијамантски ѓердан и раскошни обетки од истиот комплет, а тука беше и нејзиниот заштитен знак – предимензионираните очила.

Широка насмевка, самодоверба и вродена харизма – Милано беше маѓепсано!

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement