Ингер Нилсон имала само 10 години кога ја играла Пипи Долгиот Чорап.Пипи Долгиот Чорап е славно најсилната девојка на светот. Препознатлива е по црвените плетенки кои стојат исправено и пеги, а секогаш им противречи на возрасните.
Нејзини најдобри пријатели се Томи и Аника.
Во 1969 година нејзиниот лик го толкувала тогаш 10-годишната Ингер Нилсон.
Следната година таа се појави и во два играни филма засновани на истоимената книга на шведската писателка за деца Астриг Линдгрен.
Ингер Нилсон се појави во 2000 година во филмот „Gripsholm“ во режија на Ксавиер Колер, а седум години подоцна во германска серија „Der Komissar und das Meer“.
Од 2005 година живее и работи во Стокхолм како секретарка и ретко се појавува во филм или серија.

Пред десет години таа учествуваше во реално шоу во кое неколку познати личности престојуваат во џунглата неколку недели.

Денес таа има 64 години, а иако поминаа пет децении откако ја гледавме како Пипи Долгиот Чорап, нејзината препознатлива насмевка веднаш не враќа во времето на авантурите на малото шампанско девојче.
