Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Има 48 години, коефициент на интелигенција 152 и тука е да не шармира! Кејт Бекинсејл уште еднаш покажа зошто е поразлична меѓу познатите…

Холивудската актерка никого не остави рамнодушен од почетокот на кариерата, а сега го прикажа едно од најубавите изданија откако ја познаваме.

Британската актерка Кејт Бекинсејл е една од оние жени кои не можат a да не се забележат во ниту една прилика.

Убавицата која многумина ја нарекуваат најинтелигентна холивудска ѕвезда, бидејќи може да се пофали со коефициент на интелигенција и до 152, има завидна филмска кариера и не престанува да добива успешни улоги. Таа се истакнува и во драма и во акција, живее неоптоварена со туѓи коментари и мислења и има со што да се гордее во својата кариера.

Така е и со нејзиниот изглед, кој без сомнение е еден од најголемите адути на Кејт и благодарение на кој таа го достигна врвот на многу листи за најубави жени на планетата.

Кејт Бекинсејл, која на крајот на јули ќе го прослави својот 49-ти роденден, внимателно го планира своето мени и е опседната со јогата, благодарение на која денес изгледа со децении помлада, а секогаш кога ќе се појави изгледа спектакуларно.

Така беше и на синоќешното доделување на Националните филмски награди во Лондон, каде Кејт беше наградена за улогата во акционата комедија „Jolt“.

Бекинсејл на церемонијата се појави во уште една елегантна верзија на нејзиниот препознатлив стил – сребрена креација што совршено ја истакна нејзината витка фигура. Станува збор за фустанот со потпис на велшката дизајнерка Џилијан Мекдоналд, кој ги нагласува рамениците, има тесни и долги ракави,макси долг, а украсен е со подлабок шлиц напред.

Актерката го комплетираше својот аутфит со необични металик сандали со платформи, чиј преден дел е украсен со лента во форма на пеперутка со раширени крилја, а повторно се одлучи за едноставна вечерна шминка.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement