Француската манекенка и телевизиска актерка Анжелик Морган гордо го покажа своето тело во розово бикини на плажа во Малибу.
Ако не знаете ништо за неа, тогаш нејзиниот изглед може да ве збуни – кога ќе ја видите одзади, поради нејзината совршена фигура, ќе помислите дека таа е витка адолесцентка. Сепак, кога ќе го погледнете нејзиното лице, би рекле дека има најмалку 60 години и има безброј очајнички обиди да изгледа помладо.
Нејзината витка линија е резултат на диета и многу вежбање, што може да се забележи во убаво дефинираните мускули на целото тело, но она што го нарушува целокупниот изглед е претерувањето со силикони и естетски зафати, на кои се чини дека Анџелик е зависник.
Неприродно големи и испакнати усни и уште поголеми гради ја направија многу постара и кој би рекол дека всушност е помлада од Џенифер Лопез, Моника Белучи, Елизабет Харли и Салма Хајек?
Анжелик има 45 години и е жив доказ дека никој не може да уништи жена како себе си …


