Внуките на принцезата Дајана, шармантните Амелија и Елиза Спенсер беа фотографирани за насловната страница на британското списание Татлер, а во едно интервју тие зборуваа во својата тетка, никогаш не прежалената сестра на нивниот татко, грофот Чарлс Спенсер.
Близнаците се осврнале на врската со нивната тетка, која ја изгубиле кога имале само пет години.
“Секогаш ја гледавме и доживувавме само како тетка. Растејќи во Јужна Африка, навистина не знаев колку е важна во светот сè додека не пораснав”, изјави Елиза, која ја опиша Лејди Ди како неверојатно топла личност исполнета од љубов.
“Таа секогаш се обидуваше да се поврзе со нас, да се запознае со нови деца и имаше неверојатен талент за читање на детски срца. Сите деца ја обожаваа. Кога го напушти овој свет, сфатив дека тоа е огромна загуба за татко ми и семејството, и дури подоцна го сфатив значењето на нејзината загуба како личност во светот “.
Покрај тоа, близнаците се осврнале на инцидентот кога оделе на плажа со својата тетка како девојчиња. Во еден момент им пришол папарацо, ги нападнал и скоро ја срушил едната сестра.
“Дијана реагираше смирено, паметно и промислено. Немавме идеја што се случува. Целата ситуација можеше да заврши доста застрашувачки за нас, бидејќи бевме толку млади и не разбиравме што се случува. Но, нашата тетка го претвори во игра и ни кажуваше да се натпреваруваме кој ќе стигне прв до автомобилот. Секако дека започнавме да трчаме онолку колку што нè носат нозете, не сфаќајќи дека таа всушност нè спасува. Долго време никој не знаеше дека таа ги спаси нашите животи и приватност. Беше неверојатно како таа нè заштити да се чувствуваме безбедно и бестрашно. Во тоа време, немавме идеја што прави”, заклучија близнаците.
