Сопственикот на компанијата „Tesla“ и извршен директор на „SpaceX“ на својот профил на Twitter објави видео од неговото влегување во седиштето на компанијата во Сан Франциско. Видеото го проследи со коментар во кој употреби интересна игра на зборови: „Влегувам во седиштето на Твитер – имајте го тоа на ум!“
Entering Twitter HQ – let that sink in! pic.twitter.com/D68z4K2wq7
— Elon Musk (@elonmusk) October 26, 2022
Извор на Си-Ен-Ен потврди дека Илон Маск го посетува седиштето во Сан Франциско и дека меѓу вработените постои загриженост за тоа што ќе се случи следно. Изворот, кој сакаше да остане анонимен, наведува дека вработените се обидуваат да продолжат со работа и покрај големото внимание на јавноста околу целата процедура за купување, и покрај најавите дека Маск би можел да нареди масовни отпуштања.
Некои стравуваат дека кога Маск ќе ја купи компанијата, може да „запали сè ако сака“.
Вработените во седиштето на „Твитер“ биле информирани за посетата на Маск, се наведува во мејлот што го добиле новинарите на Си-Ен-Ен и Блумберг.
Испраќачот, идентификуван од Блумберг како главен маркетинг директор на Твитер, Лесли Берланд, напиша во е-пошта дека Маск оваа недела ќе биде во седиштето на компанијата „ќе има состаноци со вработените, ќе ги обиколува канцелариите и ќе се осигура дека вработените ќе продолжат да ја вршат својата работа“. Ако го сретнат, нека го поздрават!“.
Во пораката, исто така, се вели дека Маск ќе им се обрати на вработените директно во петок. Портпаролот на Твитер одби да го коментира извештајот или објавата на Маск.
Маск има рок до петок во 17 часот по средноевропско време да го заврши договорот за купување на Твитер или повторно да се соочи со судење. Твитер го тужеше Маск кога се обиде да се повлече од нивниот договор за спојување од 44 милијарди долари.
Судијата во Делавер го одреди рокот во петокот, откако Маск рече дека сепак ќе биде подготвен да го купи Твитер. Бидејќи компанијата не сакаше да го прифати неговиот збор, тие сакаа судот да остане вклучен. Судијата на крајот го одложи првичното судење закажано за минатата недела и им даде на странките до крајот на оваа недела да постигнат договор или да одредат нови датуми за судење за ноември.
