Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Изјави на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд кои и денес се аксиома – „Тренерките се знак за пораз во животот“

Легендарниот Карл Лагерфелд, еден од најпознатите дизајнери на денешницата, почина на 19 февруари 2019 година, на 86-годишна возраст. Социјалните мрежи и медиумите сè уште се преплавени со сеќавања на овој енергичен човек кој работеше 36 години да ја направи француската модна куќа Шанел да остане недопирлива тврдина на луксуз и елеганција недопрена од сите минувачки трендови и промени во модната индустрија.

Кога ќе застанете и ќе размислите, дали можете да се сетите на дизајнерот кој остана во својата позиција толку долго во ова променливо модно време како германскиот дизајнер? И тоа во куќа што не го носи неговото име и која не ја основал.

karl langerfeld

Лагерфелд беше незаменлив во својата амбиција, креативност, желба и неисцрпна енергија со која креативно ги водеше Шанел, сопствената модна марка Карл Лагерфелд и италијанската модна куќа Фенди. Тој беше познат како брутално искрен човек, понекогаш на работ на навреда, па неговите изјави честопати ја разбрануваа јавноста и предизвикуваа остри реакции. Без влакна на јазикот, тој го критикуваше секој феномен што не би го сакал. Една од неговите легендарни изјави е дека „тренерката е знак на пораз на животот и дека луѓето што ја носат се откажале од себе“.

karl langerfeld

Подолу можете да прочитате уште неколку негови изјави што ќе ги паметиме засекогаш.

  • “Сакам да се измислувам одново и одново. Тоа е дел од мојата работа”.
  • „Не барајте одобрение кај другите ако сакате да останете психички стабилни“.
  • “Мојата желба е секој да носи што сака и да го обликува на свој начин. Тоа значи да се биде модерен”.
  • „Чувството на младост доаѓа од начин на живот, а не од датумот на раѓање“.
  • “Јас сум многу приземјен. Едноставно не сум на оваа земја”.
  • “Никогаш не кажувајте дека е ефтино. Денес, секој може да изгледа шик во облеката која не е скапа (а и богатите ја купуваат). Добар дизајн денес постои во секоја категорија, а вие можете да бидете најшик личност во просторијата во обични маици и фармерки”.
  • „Никогаш не жртвувајте премногу за нешто, затоа што ако го направите тоа, нема да имате што повеќе да дадете и никој нема да се грижи за вас“.
  • „Кога луѓето сакаат да бидат сакани за она што го прават, време е да престанат да го прават тоа“.
  • „Модата оди напред, не живеејќи за паметење.
  • „Уникатноста започнува таму каде што завршува споредбата.
  • „Сакам да ги работам работите брзо затоа што ми е здодевно од сè.
  • „Суетата е најздравата работа во животот“.
  • „Она што најмногу го сакам во животот е – нов почеток“.
  • „Промената е единствениот начин да се преживее.
  • “Зошто би престанал да работам? Ако престанам, ќе умрам и сè е готово”.
  • „Црно-белото секогаш изгледа модерно, што и да значи тој збор“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement
onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom