Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Изјавата на Дру Баримор по која сите останаа без зборови: Сакам мајка ми да умре…

Мајката на Дру Баримор и оставила трауми на актерката кои никогаш не и ги простила…

Холивудската актерка Дру Баримор имаше проблематично детство, за кое зборуваше во неколку наврати.

Имено, актерката има трауми од растењето, а главен виновник е мајката на Дру Баримор, Џејд, која и била менаџерка и ја носела на холивудските забави, вклучувајќи ги и оние во озлогласеното “Studio 54”,кога била мала.

Дру Баримор во светот на дрогата и алкохолот влегла уште кога била многу млада, па на 13-годишна возраст веќе била на рехабилитација, а нејзината мајка ја сместила во психијатриско одделение во Калифорнија.

  • Мислам дека создаде чудовиште и не знаеше што да прави со тоа чудовиште – му рекла актерката на Стерн во едно интервју во 2021 година.

Иако Дру успеа да му прости на нејзиниот татко Џон Дејвид Баримор пред да почине во 2004 година, таа никогаш не се смири целосно со нејзината мајка.

Актерката неодамна проговори за трауматичното детство со нејзината мајка, и откри дека е љубоморна на своите пријатели кои веќе ги изгубиле родителите.

  • Сите нивни мајки си заминаа, а мојата не. Јас го немам тој луксуз. Едвај чекам – изјави Дру за New York магазин.

Јас всушност сакам таа да биде среќна и да напредува и да биде здрава, но морам да растам и покрај тоа што таа се уште е на оваа планета – објаснила актерката.

Сепак, иако мајката на Дру Баримор оставила големи последици врз неа, актерката подоцна зажалила за својата изјава.

  • Се осмелив да го кажам тоа и не се чувствував добро – рече таа и додаде дека и понатаму се грижи.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement