Познатиот музичар неодамна се најде во центарот на скандал, а само неколку дена по него во јавноста се појави со сопругата…
Познатиот фронтмен на групата Maroon 5, Адам Левин, е главна тема на медиумите во последните денови. По видеото кое на социјалните мрежи го објави девојка со која, како што таа тврди, бил во врска, на јавноста и се обрати Адам Левин.
Во тој говор рече дека тоа е момент на слабост, дека само флертуваат и дека всушност нема афера.
Сепак, младата манекенка го тврди спротивното, а во прилог на својата приказна ги објавила и пораките кои ги разменила со него.
Сè се случи само неколку дена откако сопругата на Адам, познатиот супермодел Бехати Принсло, објави дека е бремена и го чека своето трето дете.
По скандалот, сите погледи на јавноста беа насочени кон неговата сопруга, а многумина мислеа дека ова може да биде крај на неговиот брак.
Меѓутоа, се случи нешто сосема друго.
Адам Левин и неговата сопруга Бехати Принсло беа видени и фотографирани за прв пат по скандалот на улиците на Калифорнија. Тој беше облечен во црвена кошула и шорцеви, а сопругата и децата одеа неколку чекори пред него, со широка насмевка на лицето.
Adam Levine and wife Behati Prinsloo seen smiling together after the singer was accused of sending flirty messages to three women https://t.co/dRiX9VWBkj
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 21, 2022
Тие заедно ги собраа децата од училиште и се упатија кон нивната куќа вредна 52 милиони долари.
И покрај шокантната вест дека Левин разменил флертувачки пораки со три жени, судејќи по однесувањето на познатиот музичар, се чини дека се е во ред со неговиот брак.
Adam Levine drama is boring, but finding out he sexts like he's 17 and hasn't ever fucked is funny pic.twitter.com/8VZYyHUH9d
— Isaac (@GalaxyPeaBrain) September 20, 2022
Само еден ден откако Самнер Строх ги објави контроверзното видео и пораките што и ги испрати музичарот, уште две жени се јавија да ги споделат своите искуства со Левин.
Тие упатија голем број обвинувања против него, но судејќи според моменталната ситуација, парот успеа да ја надмине оваа криза и да го продолжи заедничкиот живот.
