Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Зошто Џош Хартнет на врвот од славата го напушти Холивуд?

Пред дваесет години Џош Хартнет беше еден од најбараните актери во Холивуд и сите му предвидуваа голема слава. Така беше сè до моментот кога реши дека му е доста од сè и го напушти тој свет.

Четириесет и тригодишниот актер кариерата ја започна во 1997 година со телевизиски улоги, а филмското деби го имаше во хорор филмот „Халуин: 20 години подоцна“. Потоа следуваа улоги во тинејџерски хорор филмови, но улогата која му донесе голема слава е во филмот „Самоубиства на девиците“. Потоа почна да добива понуди за улоги во филмски блокбастери, додека Џош не изјави дека му е доста од сè и реши да си замине.

– Луѓето сакаа да направат бренд од мене, но на погрешен начин. Очекуваа да играм едни исти улоги и да станам момче кое сите ќе го сакаат и секогаш ќе биде достапно за сите. Но јас не се гледав себеси така и решив да се откажам – вели тој и додава дека решил да бира улоги кои со кои ќе може лично да се поврзе.

Пред да ја прекине соработката со филмските студија, бидејќи им се разидувале целите и идеите, Џош добиваше понуди за улоги во блокбастери. Еден од нив беше воениот филм „Перл Харбор“ најавуван како следен „Титаник“, кој сепак не доживеа таков успех. Иако настапи покрај големите филмски ѕвезди Кејт Бекинсејл и Бен Афлек, Џош долго се двоумел дали да ја прифати улогата.

– Бев задоволен со славата што ја имав и улогите што ги добивав, па се запрашав „Дали се плашам дека ако го снимам „Перл Харбор“ ќе влезам во нова категорија филмски дела за кои можеби не сум подготвен?“. Тогаш решив да ја прифатам улогата, бидејќи не сакав да ја одбијам поради страв. Но подоцна таа улога ме однесе во насока која не ми се допаѓаше, што значи мојот страв беше оправдан – зборува тој и се потсетува на интервјуто „Создавањето на Џош Хартнет“ за насловната страница од „Венити фер“ во 2001 година.

– Тоа беше ужасно. Наместо да има мои изјави, целото интервју беше засновано на тоа што другите кажуваат за мене. Преку тоа интервју луѓето добија погрешна претстава за мене и мислеа дека сум голема филмска ѕвезда која сака да се наметне. Дури ме споредуваа со Том Круз ( улогата во „Топ Ган“) што беше многу погрешно. Тогаш сфатив дека ми е доста од сè.

Денес Џош со сопругата Тамсин Егертон, која исто така е актерка, и двете деца, живеат далеку од Холивуд, во Сари, Англија. Последен филм во кој се појавува е канадската крими драма „Примарна цел“ работена според вистински настан, а Џош глуми новинар кој открива голема мрежа на криумчарење дрога во која се вмешани и луѓе од полицијата.

„Имав чувство дека некој ми го украл целиот живот. Сите насловни страници на списанијата со моите фотографии воопшто не го прикажуваа животот што го живеев. Во моментов, се чувствувам добро затоа што повеќе не ме малтретираат од папараци како порано”, се потсети Џош во едно претходно интервју. Денес пишува сценарија и режира, а тие вештини ги усоврши откако престана да глуми и имаше повеќе време да се посвети на себе си.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement