Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Зошто убавите девојки „паѓаат“ на непривлечни момци?

Сигурно ви се случило милион пати да видите згодна и убава девојка во прегратките на не толку привлечен маж на улица.Признајте дека првото нешто што ќе ви падне на памет тогаш е „Мора да е поради парите“. Сепак, тоа можеби воопшто не е точно.

Научниците спроведоа интересно истражување за да утврдат врз основа на што девојките ја избираат својата посилна половина.

Погледнете зошто привлечна девојка повеќе би одбрала смешен буцко од предрадието, отколку убавец од теретана.

  1. Сигурност пред привлечноста

За разлика од мажите, за кои изгледот на нивниот избраник е важен од гледна точка на еволуцијата, односно поради добрите гени кои ќе бидат пренесени на потомството, за жените е многу поважно да имаат покрај себе стабилен, сигурен и посветен маж, кој нема да флертува наоколу и да обезбеди за нивнтие деца безбеден дом.

  1. Карактер пред физички изглед

Атрактивните момци обично сметаат дека да се биде привлечен е доволно и тие не работат на развој на нивната личност, туку чекаат девојките да паднат под нивните нозе. Но, кога ќе помине фасцинацијата со физичкиот изглед, останува само неговиот карактер и карактеристики и секоја девојка повеќе сака да го сподели својот живот со харизматично, духовито и талентирано момче со поголем нос и несмасни уши, отколку со празен и досаден убавец.

  1. Отвореност пред мускулното тело

Добрата комуникација, отвореноста и изразувањето на емоциите се исклучително важни за жените. Нема ништо попривлечно од маж кој е мажествен и полн со самодоверба и кој не се срами да му покаже на целиот свет дека вие сте неговото сѐ. Убав себичен маж вљубен во неговиот бицепс и одраз во огледалото покрај овој нема шанси.

Дали ве привлекуваат убави и привлечни момци или карактерот сè уште игра голема улога во изборот на партнер?

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement