Малиот принц е ремек-дело на литературата за деца, но секој што го зеде овој краток роман на Антоан де Сент-Егзипери повторно во своите раце како зрел човек сфатил колку се длабоки вистините за животот, скриени на страниците на приказната со која пораснавме. Невообичаено момче од далечна sвезда нè научи, или барем проба, многу за животот и ние веројатно несвесно (барем дел од него) го однесовме со нас во светот на возрасните и никогаш не е доцна да се потсетиме повторно на животните лекции, кои многу често ги забораваме.
Во спомен на Антоан де Сент-Егзипери да се потсетиме на дел од наследството што ни го остави:
“Ако сакам да видам пеперутки, треба да отворам две-три гасеници”
“Ако сакаш еден цвет што постои само во еден примерок меѓу милиони и милиони ѕвезди, тоа ти доаѓа, за да си среќен, кога ги гледаш ѕвездите. Си мислиш: “Мојот цвет е таму некаде.”
“Времето што си го изгубил за твојата роза, ја прави толку важна”.
“Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите.”
“Знам една планета со еден червенолик господин. Тој никогаш не помирисал цвет. Никогаш не погледнал ѕвезда. Никогаш не сакал никого. Никогаш не правел друго, освен што водел сметки. Цел ден повторува како тебе: “Јас сум сериозен човек! Јас сум сериозен човек!”, и се полни со гордост. Но тоа не е човек, туку сунѓер!”
“Што значи “да скротиш”? … … Ако ме скротиш, ние ќе почувствуваме потреба еден од друг. За мене ти ќе бидеш единствен на светот. За тебе јас ќе бидам единствена на светот … Во мојот живот ќе загрее сонце, погледни! Ги гледаш ли житните ниви, еј таму? Житни ниви не ме потсетуваат на ништо. И тоа е тажно! Но твојата коса е со боја на злато. И кога ќе ме скротиш, ќе биде прекрасно! Житото, што е златно, ќе ме потсетува на тебе. И ќе ја сакам бучавата на ветрот во житата.”
“Кога на тебе прв ти текне некоја идеја, ти земаш патент за неа и таа е твоја. Јас ги поседувам ѕвездите, бидејќи никој пред мене не се сетил да ги поседува.”
“Каде се луѓето? …- Луѓето ли? Ги видов пред многу години. Но човек никогаш не знае каде да ги открие. Ветрот ги носи. Немаат корења и тоа им пречи многу.”
“Многу е потешко да си судиш сам себе, отколку да им судиш другите. Ако можеш да си судиш себе правилно, значи ти си вистински мудрец.”
“Никогаш не ни се допаѓа таму каде што сме… Само децата знаат што бараат.”
“Пустината е убава – рече малиот принц, бидејќи крие некаде бунар …”
“Ти стануваш одговорен засекогаш за она што си го скротил.”
“Тоа е прашање на дисциплина – ми рече подоцна малиот принц. – Кога се подготвуваш наутро, треба да се погрижиш и за планетата.”
“Тогаш ништо не разбирав! Би требало да го ценам не според зборовите, туку по делата. Тоа ме исполнуваше со мирис и светлина. Воопшто не требаше да бегам! Зад малите итрости требаше да ја доловам неговата нежност. Цветовите се толку контрадикторни! Но бев премногу млад за да знам како да го сакам!”
“Овој човек би бил презрен од сите други … Но тој единствено не ми изгледа смешен. Можеби затоа што се занимава со друго, а не со себе.”
“Треба да бидеш многу трпелив. Ќе те гледам со краевите на очите и ти нема да кажеш ништо. Јазикот е извор на недоразбирања.”
“Луѓето – рече малиот принц – се вовлекуваат во брзите возови, но веќе не знаат што бараат. И затоа започнуваат да се движат, но се вртат во круг … ”
“Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа.”
„Тоа е толку мистериозно место, земјата на солзите.“
“Во овој заспан мал принц најсилно ме возбудува неговата верност кон еден цвет, образот на розата, која свети во него како пламен на светилка дури и кога тој спие …”
“Ах, мал принцу, така постепено го разбрав твојот мал тажен живот. Долго време единственото твоја забава е сладоста на сончевите зајдисонца.”
