Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Зошто луѓето со вдлабнатини во образите се посебни

Малите, симпатични вдлабнатини на образите се симбол на суптилна заводливост, магиска привлечност и неодолив шарм . На другите, им се убави, привлечни и симпатични, а се посебни токму затоа што малку луѓе ги имаат.

Само 20 проценти од населението има ,,дупчиња” во образите. Тие одамна се сметаат за наследни, но модерната медицина вели дека тоа не е така.

Ако двајцата родители имаат вдлабнатини во образите, тоа не значи дека нивното дете ќе ги има сто проценти. Професорот Џим Мекдоналд од Универзитетот во Делавер верува дека дупките сè уште се голема мистерија.

Тоа всушност е природен дефект на големиот јаболков мускул. Стануваат видливи кога луѓето се насмевнуваат, поточно како да имаат вдлабнатини во кожата на образите.

Повеќето луѓе имаат две вдлабнатини, по едно на секој образ,а многу ретко имаат само едно.

Вдлабнатините обично нè потсетуваат на слатки бебиња, поради што и луѓето со нив ни се посимпатични и подраги.

Постои теорија дека вдлабнатините служат за полесно препознавање на чувствата на нивните сопственици. Порано беа толку популарни што луѓето се обидуваа да ги направат вештачки. Затоа беа направени уреди како машината за дупки. Направена е во 1936 година, но наскоро се покажала како неуспешна. Денес, можно е да ги направите со козметичка процедура.

Луѓето со вдлабнатини во образите се покажаа како упорни и сигурни. Тие го живеат животот во потполност. Тие се одлични пријатели затоа што се многу сочувствителни и грижливи, па секој сака да ги сподели своите проблеми и среќа со нив.

Прочитај

Advertisement