Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Зои Кравиц ја оживеа популарната фризура од 90-тите: Инспирирајте се за необичен изглед каков што досега не сте носеле

Трендовите од деведесеттите дефинитивно се враќаат на голема врата. Хејли Бибер, Џиџи и Бела Хадид … се само дел од имињата на трендсетерки кои ни покажаа како да го претставиме стариот стил на помодерен начин, а сега на листата се приклучи и Зои Кравиц.

Убавата актерка која моментално ја гледаме во „Бетмен“ во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ се појави со неодолива фризура која сигурно сте ја носеле барем еднаш во деведесеттите.

Зое ги искомбинира предните „антени“, односно тенки прамени кои го врамуваат лицето, на поинаков начин што на се’ дава помодерен шмек. Имено, таа се одлучила за висока пунџа со нив, додека косата дополнително ја „лижела“ со гел.

Згора на сето тоа, од предните прамени исплете тенки плетенки, кои беа малку искривени на краевите. Оваа фризура дополнително го истакна нејзиното лице, особено јаболчниците, а дополнителен шмек на изгледот беа пристојните дијамантски обетки.

Нејзината фризура веќе некое време важи за главен тренд, а дополнителна популарност и даде серијата „Еуфорија“. Стилистите и фризерите советуваат да го носите исто како што го носи Зои – со комбинација или од високо опавче или со пунџа, а косата дополнително да ја „измазнете“ со гел или спреј.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement