Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Знаците кои најверојатно ќе им го скршат срцето на Јарците

Кога сте некој кој е роден во знакот на Јарец, со мисија да го освои светот, имате многу малку време за драматични претстави.

Еден Јарец многу сериозно го сфаќа наоѓањето љубов и ги зема предвид само најдобрите – примероци. И додека пронаоѓањето на вистинската личност може да потрае, знаејќи дека постојат знаци кои најверојатно ќе го скршат срцето од астролошка гледна точка, ќе го стеснат вашето пребарување. Јарецот, како многу приземен знак, методичен и внимателен, нема лесно да подлегне на чувствата, но во секој случај е корисно да се знае на кои знаци треба да се обрне внимание, за да се избегне разочарување.

ОВЕН
На самиот почеток, овие два амбициозни лика можат да дејствуваат како многу силна двојка. Сепак, огнениот и независен Овен сака да управува со своето време, а тоа не секогаш ќе му одговара на Јарецот. Јарец е оној кој сака партнерот да се консултира со него пред да објави одредена слика на социјалните мрежи, или да одлучи каде ќе излезе вечерва. Овенот, исто така, има тенденција да користи различни аргументи, што може да биде мачно за Јарецот. И додека Овенот е многу лесно заинтересиран за новите работи со кои се соочува, Јарецот е оној кој не е воодушевен од промените, што може да доведе до раскол меѓу нив.

БЛИЗНАЦИ
Иако шармот и амбициите што ги имаат Близнаците за Јарецот ќе бидат многу привлечни, создавањето долгорочна врска помеѓу овие два знака е малку веројатно. Како прво, самите Близнаци не се сигурни што и зошто сакаат. Тие честопати се премислуваат, што е сосема спротивно на однесувањето на Јарецот. Постои постојан судир во срцето и умот на Близнаците, додека Јарецот точно знае што треба или не треба да прави во даден момент. Ваквата неодлучност може да го скрши Јарецот со текот на времето, бидејќи Близнаците можат само да се разбудат еден ден со помислата дека повеќе не сакаат да бидат во врска, без поголема причина.

ЛАВ
На почетокот, Лавот и Јарецот одлично ќе се согласуваат, бидејќи и двата знака ја ценат лојалноста, хуморот и добриот разговор. Сепак, Лав, како роден крал, сака да му се посвети малку повеќе внимание отколку што може да му даде Јарецот. Јарецот, од друга страна, колку и да е тврдоглав, никогаш нема да се согласи да се однесува кон некого подобро од третманот што тој лично го добива. Лавот исто така ќе си даде право да го обвини Јарецот дека не го цени доволно, а ако има нешто што Јарците не можат да го поднесат тогаш тоа е критика.


Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement