.Американската актерка Блејк Лајвли ја изненади јавноста кога се појави на еден настан во Њујорк кога се појави во златен фустан, кога сите го забележаа нејзиниот труднички стомак

Лајвли веќе има три ќерки: Џејмс, Инес и Бети, со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Таа се уште ја нема објавено оваа информација на социјалните мрежи, но не се сомневаме дека наскоро ќе го стори тоа.
Blake Lively is pregnant! 🍼 | 📷: Taylor Hill/Getty pic.twitter.com/4kQr7Ss3Jm
— People (@people) September 15, 2022
Да потсетиме, Инес и Бети се родени во 2016 и 2019 година. После тоа, Рејнолдс откри во октомври 2021 година дека зема „одмор“ за да се фокусира на животот со нивните деца.
- Па, јас се занимавав многу со глума и не сакам да го пропуштам начинот на кој растат моите деца – објасни актерот за време на едно интервју.



- Сакам моите деца да имаат прилично нормално воспитување, па сакам да бидам тука за нив – продолжи Рејнолдс во декември 2021 година.
- Мислам дека тоа е важно за нивниот развој и навистина сакам да уживам во тоа што сум родител. Сакам да ги носам на училиште секое утро…
