Холивудскиот актер Бредли Купер и неговиот колега Мет Бомер се снимени како разменуваат нежни бакнежи на снимањето на биографскиот филм „Маестро“ за познатиот композитор Леонард Бернштајн.
Бредли (47) и Мет (44) без двоумење се бакнуваа пред камерите на Менхетен, играјќи ги улогите на Бернштајн и кларинетистот со кој имаше кратка романса.
Нетфликс неодамна ги објави првите фотографии од снимањето на претстојниот биографски филм за животот на Бернштајн, а Бредли изгледа како негова верна копија и на прв поглед е невозможно да се препознае. Покрај актерството, Бредли режира и проект во кој ќе глумат Кери Малиган, Маја Хок и Мет Бомер. Лицето на Купер изгледа збрчкано и старо, косата сива, а тенот исончан, за што се погрижи врвен тим шминкери и фризери.
Објавени се и фотографиите на Бредли во улогата на Бернштајн во неговите помлади години, на кои тој личи на Бредли, кого го знаеме, а на нив е со Кери, која во филмот ја игра сопругата на Бернштајн, Фелисија.

Во срцето на заплетот е приказната за легендата на Бродвеј, неговиот живот зад сцената и неговата врска со Фелисија Монтеалегра, која останала со него цел живот и покрај тоа што знаела дека е геј. Врската на Леонард и Фелисија траеше повеќе од 30 години, од нивната прва средба во 1946 година, свршувачката, 25-годишниот брак и трите деца, додека Бернштајн цело време се бореше со својата сексуалност.
Снимањето започна во мај во Њујорк, а продуцент, меѓу другите, е и Бредли Купер.

Леонард Бернштајн беше музички познавач и работеше како композитор, пијанист и диригент кој во текот на својата кариера беше награден со седум Еми, две Тони награди и 16 Греми.
Тој почина во 1990 година од срцев удар само пет дена откако се повлече од диригирање.
