Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

За Џулија Робертс наскоро започнува ново поглавје во животот,измешани емоции…

Со нејзиниот сопруг Дени Модера, со кој е во брак 20 години, најпознатата насмевка во Холивуд, единствената Џулија Робертс има три деца – синот Хенри и близнаците Хејзел и Финеус.Во последните недели, 54-годишната Џулија Робертс беше полна со емоции, свесна дека по завршувањето на долгото топло лето, нејзините близнаци, 17-годишните Финеус и неговата сестра Хејзел, ќе се иселат од куќата.

Имено, близнаците, кои Џулија ги доби за време на 20-годишниот брак со Дени Модера, се запишаа на факултет, поради што се впуштаат во нова животна авантура, која нема да и биде лесна на холивудската актерка. Сепак, она што ја уверува е дека нивниот помлад син, 14-годишниот Хенри Даниел, останува со нив во семејната куќа во Сан Франциско.

„Емотивна сум поради се. Мислам дека, секако, сум возбудена за нив и свесна сум дека тоа е голем чекор и за нив, иако немав толку среќа јас да се запишам на факултет“, изјави Џулија Робертс, која ги сними своите први филмови на возраст од 18 години. Така во 1998 година таа го имаше своето деби во филмот „Задоволство“ со Џастин Бејтмен, Скот Кофи и Лијам Нисон.

Денес, покрај тоа што се уште е активна во актерскиот свет, таа ужива во моментите со семејството. Во 2020 година, таа и нејзиниот сопруг Дени Модера купија куќа стара повеќе од 100 години во викторијански стил во Президио Хајтс во Сан Франциско за 8,3 милиони долари. Како што рече, отсекогаш сонувала да живее надвор од Лос Анџелес.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement