Темата на хорор филмовите е главно поврзана со смртта и мистичните настани. Во секој хорор, централниот лик е негативен.
- Ужас од длабочините
„Ужас од длабочините“ е британски хорор филм од 2005 година, по сценарио и режија на Нил Маршал. Група блиски пријатели кои се на одмор се заробени во пештерски комплекс. Наскоро ги прогонува непозната сила која демне во сенките.
- Отвори ја вратата за вистинскиот
„Отвори ја вратата за вистинскиот“ е романтичен хорор филм во режија на Томас Алфредсон од 2008 година. Се базира на истоимената книга на писателот Јохан Линдквист, објавена во 2004 година. Приказната за дванаесетгодишниот Оскар, чувствително и вознемирено момче и неговото пријателство со необичната девојка Ели, неговиот врсник кој се појавува само ноќе и чие доаѓање е обележано со чудни исчезнувања и убиства.
- Духовите во нас
„Духовите во нас“ е психолошки хорор филм од 2001 година, во режија на шпанскиот режисер Александро Аменабер. Дејството се случува во 1945 година. Грејс е религиозна мајка која живее во стара куќа на островот Џeрси. Живее во куќата со слугите и децата кои се алергични на сончева светлина, па куќата е постојано во темница. Нејзините деца и велат дека гледаат духови во куќата, што ја лути нивната мајка. Меѓутоа, како одминува времето, таа почнува да слуша необјасниви звуци и почнува да верува дека куќата е прогонувана.
- Загатка на стравот
„Загатка на стравот“ е американски хорор филм од 2004 година. Заплетот следи двајца несреќници кои се оковани во просториите на сериски убиец кој себе си се нарекува Џигсау. Тие треба да следат одредени упатства за да можат да се ослободат.
- Сиропиталиште
„Сиропиталиште“ е шпански натприроден хорор од 2007 година. Заплетот се фокусира на три лика: брачната двојка Лора и Карлос и нивниот посвоен син Симон. Заплетот е насочен кон Лора, која се враќа во својот дом од детството, сиропиталиште. Таа планира куќата да ја претвори во дом за деца со попреченост, но по расправија со нејзиниот сопруг, Симон исчезнува.
