Ричард Гир засекогаш ќе остане познат холивудски заводник, иако ужива во љубовта со 33-годишната избраничка.
Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва долго време не се појавуваа во јавноста, а сега ги воодушевија присутните на настан во Њујорк.
Познатиот актер се појави со сопругата на гала вечера во Њујорк, а сите погледи беа вперени во него и згодниот Шпанец.
Алехандра носеше долг тесен фустан во кралско сина боја, додека Ричард избра класичен црн костум и бела кошула, но тоа беше доволно да го привлече вниманието на припадничките на понежниот пол.

Ова е прв пат парот да се појави во јавноста откако го добија своето второ дете во пролетта 2020 година. Само една година пред тоа го добија првото дете. Оваа интригантна двојка ја легализираше својата четиригодишна врска во 2018 година во Шпанија, родното место на младата Алехандра.
Да потсетиме, Ричард и Алехандра живеат во околината на Њујорк на имот вреден 9,8 милиони долари. Станува збор за вила со седум спални соби и девет бањи, базени, теретана, винарска визба и тениско игралиште.
