Ана де Армас многумина ја сметаат за една од најубавите актерки на денешницата, а го толкува ликот на познатата Мерлин Монро во новиот хит на Нетфликс „Blonde“.
Со руса коса и лесна шминка, Армас неверојатно личи на познатата Мерилин. Ова е продолжение на нејзината позната кариера, пред тоа имаше улога во Џејмс Бонд, во филмот „No time to die“.
Нејзината приказна е успешна. Имено, таа во САД дошла на 25 години, а англискиот јазик го научила за само неколку месеци.
- Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор. Требаше само брзо да го совладам англискиот јазик – истакна таа во едно од интервјуата.
Ана де Армас е родена во Куба, во градот Санта Круз дел Норте. Нејзините баба и дедо се Шпанци, кои и дадоа шпанско државјанство. Така и таа живеела во Мадрид.
Таму веќе стана позната актерка, во серијата „Интернат“, која се снимаше од 2007 до 2010 година.
После тоа, таа замина во САД и реши да го оствари американскиот сон. Очигледно и успеа, бидејќи сега Армас е во фокусот на светската јавност, а улогата на Мерлинка и донесе голем скок во кариерата.
Моментално е една од најбараните актерки во Холивуд, па за очекување е да ја видиме во уште слични улоги.
