Таа важи за една од најсексипилните и најзгодните холивудски актерки.
Шарлиз Терон за многумина е препознатлива по нејзината руса коса. Познатата актерка синоќа се појави на настан во Лос Анџелес, а по тој повод ги шокираше сите со својот изглед.
Имено, нејзината руса коса повеќе не е руса. Шерлиз се обои во црно, што предизвика бурни реакции кај многу луѓе кои ја следат нејзината кариера.
Таа ретко ја менуваше бојата на косата, дури и за потребите на снимањето, но овој пат се одлучи за многу драстична промена.
Шарлиз се појави во едноставна лежерна комбинација, која ги воодушеви сите присутни. Таа носеше едноставна бела кошула и фармерки, во кои изгледаше преубаво.
Шарлиз донесе популарна фризура со лопен, која сама по себе е малку екстремна и ретко на кого му прилега, но бојата на косата дефинитивно беше изненадување на вечерта.
Дали повеќе ви се допаѓа Шарлин како бринета или русокоса?
