Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли предизвика општ интерес во јавноста откако беше фотографирана како многу расположена излегува од познат ресторан во Малибу по тричасовна средба со познат бизнисмен.
Анџелина Џоли помина три часа во разговор со милијардерот Дејвид Мајер де Ротшилд. На фотографиите кои ги објави Page Six се гледа дека Анџелина е многу расположена и не ја симнува насмевката од лицето, а друштво и прави познат британски екологист.
Џоли за оваа пригода облече шик црн фустан со исечоци кои ја покажаа нејзината витка половина, а црните потпетици на целиот изглед му дадоа дополнителна доза на елеганција.
Џоли избра темни наочари за сонце, но она што не сакаше и не можеше да го сокрие беше воодушевувањето и доброто расположение во друштвото во кое беше.
Таа дискретно ја допираше нејзината коса додека одеше, што многумина го протолкуваа како гест на внимание и заведување насочено кон Дејвид Мајер.
Дејвид Мајер де Ротшилд е дел од најбогатото семејство во светот. Изгледа дека и тој уживал во друштвото на убавата Анџелина, бидејќи постојано се смешкал.
🆕📸 #AngelinaJolie was seen with Environmentalist/Billionaire David de Mayer Rothschild. 🥹🫶❤️ pic.twitter.com/NjiauC3etF
— D.K. 🐼🎭 (@AJExquisitely) March 24, 2023
И додека Анџелина блескаше во црн елегантен фустан, Дејвид беше облечен во елегантно-лежерна облека. Носеше тегет панталони, сива кошула, јакна, црни мокасини.
Дејвид Мајер де Ротшилд е поборник за заштита на животната средина, а заедничко им е тоа што сака да ги предупредува и информира луѓето за глобалното затоплување, исто како и убавата актерка.

Анџелина Џоли 20 години работеше со бегалците како специјален пратеник во Обединетите нации.
Токму поради нивните слични ставови и теми, оваа средба можеше да биде поврзана и со работа, но не е исклучено меѓу нив да се појавиле и некои искри кои би можеле да прераснат во нешто повеќе.
Џоли не е во сериозна јавна врска од нејзината разделба со поранешниот сопруг Бред Пит во 2016 година.

Двајцата беа прогласени за сингл во 2019 година, но не беа во можност да ги финализираат деталите за нивниот развод поради нерешени прашања поврзани со старателството и имотот.
Џоли и Пит (59) имаат шест деца: Медокс (21), Пакс (19), Захара (18), Шајло (16) и близнаците Вивиен и Нокс (14).
