Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Животната приказна на Кејт Бланшет: од сиромаштија до најпрефинетата актерка на денешницата…

„Наследничката на Мерил Стрип“, како што многумина ја нарекуваат, актерката која веќе влезе во легендите, ја игра главната улога во животот,исто креативно како и на филмските платна.

Кејт Елиза Бланшет, убавица со австралиско потекло, е добитничка на 160 престижни награди, меѓу кои во својата колекција има дури четири златни глобуси и два оскари.

Ја краси „самовилската“ убавина, блед тен, тиркизни очи и платинеста коса, што оди рака под рака со нејзиниот достоинствен, мил, дамски карактер. Но, кога зборуваме за талент, тогаш зборуваме за „змејот“, првокласна актерка која речиси и нема конкуренција.

Тешко е да се издвојат нејзините најдобри филмски остварувања, но слободно можеме да кажеме дека „Господарот на прстените“, „Авијатичарот“, „Елизабет“, „Елизабет, златното доба“, „Талентираниот господин Рипли“,и многу други филмови немаше да ја достигнат оваа популарност без талентираната Кејт.

Рано детство и влез во светот на актерството
Кејт Елиза пораснала во провинциите во близина на Мелбурн, со мајка учителка и татко поморски офицер; таа беше едно од трите деца. Откако татко и починал од срцев удар, нејзината мајка сама ги одгледала.

  • Татко ми почина кога имав десет години. На 14 години лажев за моите години за да се вработам во старечки дом, не можев ни кафе да си дозволам. Тоа чувство на „сиромаштија“ во мене никогаш не престана, беше искрена Кејт.

Тешка трагедија ја погоди нејзината развојна возраст, а како тинејџерка се облекуваше во панк-готски стил и беше ќелава. Студирала економија и уметност, но се откажала по само една година за да патува низ светот.

Додека престојувала во Египет, во 1990 година, Кејт била замолена да глуми навивачка во филмот „Каборија“, а со оглед на тоа дека и недостигaле пари – прифатила.

По враќањето во Австралија, се запишала на студии по глума и дипломирала во 1992 година. Тогаш почнала да пишува историја.

Улоги кои и донесоа светска слава
Иако по дипломирањето глумела во бројни филмски и сериски хитови, може да се каже дека меѓународната слава ја стекна со филмот „Елизабета“, за кој ја доби наградата Златен глобус, како и првата номинација за Оскар.

Кога се појави во франшизата Господарот на прстените како самовилата Галадриел, таа го запечати својот новооткриен статус како актерка од А-листата.

Таа, исто така, сними грандиозен момент во филмот „Авијатичарот“ во 2004 година, каде глумеше заедно со Леонардо ди Каприо и беше единствената од тимот што однесе дома оскар.

Оттогаш, серијата успешни филмски остварувања продолжи само за австралиската актерка: „Бабел“, „Робин Худ“, „Хана“, „Пепелашка“, „Елизабет, Златното доба“, „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ , „Белешки за скандал“, „Несреќниот Јасмин“, „Алејата на кошмарите“, „Не гледај нагоре“, „Оушн 8“ и многу други…

Во изјавата за „InStyle“, Кејт вака зборува за нејзините достигнувања:

  • Се сеќавам дека еден професор на Факултетот за драмски уметности ми го кажа следново: „Ако „паднеш“, нека биде величествено“. Така научив да ризикувам и мислам дека тоа е многу, многу важно за еден актер. Секој ваш неуспех е јавен, но ако не знаете како да се справите со него, нема напредок, нема откритие.

Јас сум многу практична жена и мислам дека ако продолжите да сонувате само за еден сон што сакате да го постигнете, пропуштате работи што можат да ве одведат на други места и можности. Животот е континуиран процес.

Можеби нема да можеме да се одлучиме за нејзината омилена улога, но Кејт може!

  • Тешко е да се каже, бидејќи понекогаш уживате во целиот процес на создавање, но тоа не значи дека филмот на крајот е извонреден, па често личното искуство е сосема различно од финалниот производ. Но, ако треба да издвојам, тоа би биле „Јасмин“ во филмот „Несреќната Јасмин“ и улогата на „Дејзи“ во „Чудниот случај на Бенџамин Батон“.

Минатата година сними ремек дело, филмот „Катран“, во кој ја игра познатата диригентка Лидија. Таа доби овации низ светот, но и номинација за оскар.

Приватен живот
Кејт го запознала својот сопруг сценарист Андреа Аптаун на филмски сет, но хемијата не се појавила веднаш.

Според нив, тој мислел дека е резервирана, а таа дека е арогантен. Тие се поврзаа на покер натпревар во 1997 година и завршија заедно таа вечер. Три недели подоцна тој ја запросил и во брак се речиси три децении.

Имаат четири деца, три биолошки сина и една посвоена ќерка.

Кејт е голем активист за човековите права, правата на ЛГБТ популацијата, како и борец за зачувување на планетата.

Нејзината родна земја, Австралија, ја почести со ставање на нејзиниот лик на поштенска марка во 2009 година.

  • Се чувствувам длабоко почестено, милиони Австралијци ќе ме „лижат“ и едноставно не ми се верува“, се пошегува актерката.

Од некој кој првенствено го напуштил училиштето, оваа 54-годишна дама се стекнала со три докторски дипломи.

Иако многумина ја сметаат Кејт за „најголемата жива актерка“, таа смета дека хуманоста е нејзината цел во животот:

  • Сите ние сме несовршени суштества. Но, ние мора да бидеме храбри, дарежливи, да соработуваме. Длабоко верувам дека како поединец имам одговорност за се што ќе дојде откако ќе заминам, па ќе сторам се што е во моја моќ да дадам се од себе“,оваа изјава ја дала холивудската икона за “Time”.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement