Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Жените кои го менувале светот: Клара Цеткин и Роза Луксембург

Не знаеме дали Клара Цеткин и нејзината пријателка Роза Луксембург, на овој начин, ги замислувале жените од 21 век и нивната позиција во општеството, но, крајот на 19 и почетокот на 20 век тие воделе голема битка за она што се подразбира денес…

Клара Цеткин, била ќерка на селски учител и жестоко се борела за правата на жените и работничките цел живот. Поставила барање на еднаква плата за жените и мажите, се залагала за правотп на глас и општо подобрување на положбата на жените во општеството. Нејзин животен партнер бил еврејскиот револуционер Осип Цеткин, а таа живеела со него во Париз. Никогаш не се омажила за него, но сепак го сменила своето моминско презиме Ајзнер во Зеткин. Тие заедно имале два сина.

По смртта на нејзиниот сопруг, со нејзините синови кои имале само 6 и 4 години и без средства за егзистенција, таа се преселила во Штутгарт каде се вработила како уредник на пролетерското списание за жени „Еднаквост“.

Десет години по смртта на нејзиниот сопруг, таа се омажи за 18-годишниот помлад поет и сликар Фридрих Зундел. Таа ја продолжи борбата за подобрување на положбата на жените во општеството и додаде дека бракот треба да се заснова на взаемна помош и комплементарност, како и ослободување од стереотипната улога на полот во воспитувањето на децата.

Во Москва, го водела женскиот секретаријат на „Третата интернационала“, каде побегнала од нацистите во 1932 година. Починала половина година подоцна, на 76-годишна возраст, во замок недалеку од Москва. На нејзиниот погреб, во 1933 година, присуствуваа повеќе од 600.000 луѓе, а нејзината урна се наоѓа во ѕидовите на Кремљ во Москва.

Нејзината пријателка Роза Луксембург е родена на 5 март, во семејство на полски Евреи во 1871 година. На 18-годишна возраст, таа пристигнала во Цирих за да студира право и економија, а наскоро била прогласена за најдобра студентка во Цирих. Исклучителен политички активист, и покрај предрасудите кон жените во политиката, и се залагала за принципите на социјализмот и социјалдемократијата. На 27-годишна возраст се омажила за Густав Либек и се стекна со германско државјанство, се преселила во Берлин и преку разни написи во весници ги нападнала остро германскиот милитаризам и империјализам. Три пати била во затвор заради политички активности. Учествувала во неуспешната револуција во Берлин, во јануари 1919 година, и со стотици други, била заробена, мачена и убиена.

Нивната борба доведе до одбележување на првиот ден на жената во 1909 година во САД. Овој датум е исто така потсетување на пожарот во текстилната фабрика во Њујорк, во кој загинале повеќе од сто жени. За нив се верува дека биле чувани во фабриката за да ги спречат да штрајкуваат со другите работници. Тогаш, во тоа време, се работело по десет часа на ден.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement