Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Жената со ангелска убавина: Манекенката Клаудија Шифер изгледа вака во 51-та година!

Манекенката Клаудија Шифер, која минатата недела наполни пет децении, ги открива своите мали тајни за убавина.

Манекенката чие лице украси повеќе од петстотини корици, минатата недела го прослави својот педесетти роденден. Тоа беше вистинската причина бројните светски магазини и интернет портали да погледнат на завидната кариера на манекенката, која многумина ја споредуваа со познатата Брижит Бардо поради нејзиниот изглед.

Иако е секогаш во јавност со малку шминка на лицето, што е нејзин заштитен знак, таа го сруши митот за себе и откри дека може да биде бунтовник кој ги крши почитуваните правила за убавина.

Кога сака да постигне совршен и донекаде див ефект на „зачадени очи“, славниот германски супермодел не ја вади шминката пред спиење. Клаудија смета дека размачканата „шминка“ и дава секси изглед без многу напор. Ние не би го препорачале ова бидејќи може да ви направи повеќе проблеми на лицето отколку кул изглед, но ако кожата ви е отпорна како на Клаудија, овој трик може да ви помогне да го добиете нејзиниот изглед.

Шминка

Клаудија претпочита добра маскара во прав и квалитетна. Повеќепати истакнуваше дека се обиде да ја надмине срамежливоста што ја придружуваше на почетокот на нејзината плодна кариера со шминка. Открила дека понекогаш, со цел подобро да ги покрие неправилностите на лицето, користи комбинација од три коректори за темни кругови наместо течна пудра.

  • Користам маскара и виткач на трепки. Не ја напуштам куќата без маскара затоа што сакам долги трепки. Јас исто така користам илуминатор, кој ми дава младешки сјај, како и балзам за усни за да изгледаат по ведри. Јас ги мачкам веѓите со обичен молив за веѓи. За вечерен изглед, секогаш ја избирам техниката „smokey eyes“. Но, одам во обратен редослед. Прво ставам маскара, а потоа молив за очи и дури потоа ставам сенки и ги блендирам.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement